четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Жителите на беровско Русиново оставени сами на себе: Општината не им го чисти патот, приморани се да пешачат со километри (ФОТО+ВИДЕО)

Жителите на беровско Русиново оставени сами на себе: Општината не им го чисти патот, приморани се да пешачат со километри (ФОТО+ВИДЕО)

Жителите на најголемото село во општина Берово мака мачат со неисчистените патишта од снегот, од и до селото.

Имено, по обилните врнежи на снег од кој беше зафатен регионот, надлежните општински служби не си ја завршиле својата обврска, а жителите оставени се сами на себе и приморани се да пешачат и по неколку километри за да стигнат на нивните работни места или за да сиги завршат секојдневните обврски.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и фотографиите кои ја покажуваат негрижата на општина Берово кон жителите на ова бреовско село: