Старосната граница за раѓање деца секоја година се поместува.
Иако често можете да слушнете како девојките сметаат дека своите 20-ти години треба да ги посветат самите на себе – кариера, патувања, забави и романтични средби, сепак ако сте млада мајка, треба да се гордеете на тоа дека сте ги искористиле своите 20-ти во воспитување на дете, а еве и зошто:
1. Имате доволно енергија за да се справите со сите барања.
2. Сонот не ви е толку неопходен кога сте млади. Можете да излезете на крај со бебето кое често се буди во текот на ноќта, а потоа целиот нареден ден да бидете активни и покрај непроспиената ноќ.
3. Веројатно ќе бидете единствена девојка во кругот на пријателите која има дете што значи дека и вашето дете ќе биде постојано посетувано и размазувано од вашите пријателите.
4. Вашите деца ќе доживеат убави моменти и спомени со вашите родители.
5. Вашите родители ќе бидат доволно млади за да се вклучат и да ви помогнат околу детето.
6. Многу е веројатно дека вашите деца ќе успеат да ги запознаат и своите прадедо и прабаба.
7. Вашето тело по породувањето многу полесно и со минимален напор ќе се врати во првобитната форма.
8. Многу е помала веројатноста дека ќе имате проблем со плодноста.
9. Доколку се случи да имате такви проблеми, ќе имате време да ги пробате сите алтернативи и можности за да станете мајка.
10. Поради помалата разлика во години, поголеми се шансите вашиот однос со детето да биде отворен и пријателски.