петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Дел Потро му кажа „збогум“ на тенисот, неговиот потег на последниот натпревар расплака многумина

ВИДЕО: Дел Потро му кажа „збогум“ на тенисот, неговиот потег на последниот натпревар расплака многумина

Хуан Мартин дел Потро се прости од тенисот со солзи во очите по поразот од Федерик Делбонис во првото коло од турнирот од Буенос Аирес.

Тенисерот плачеше додека траеше натпреварот, а кога истиот заврши направи потег за паметење.


Аргентинецот пред да го напушти теренот ја тргна траката по која беше препознатлив.

Пријде до мрежата и тука ја остави, на тој начин симболично и стави точка на професионалната играчка кариера.

По натпреварот на прес-конференцијата истакна дека неговиот успех не е освојувањето на ниту еден трофеј.

-Најтешката работа која можете да ја остварите не е трофејот или местото на АТП листата, туку љубовта и поддршката на луѓето. Мислам дека јас успеав да дојдам до тоа, изјави Дел Потро.

Во емотивната изјава истакна дека сега само сака да живее во мир и да спие без болка во ногата.