Пејачката Јелена Розга која има 57 килограми, вели дека поради проблемите со штитната жлезда не може да се здебели ни пола килограм.
На пејачката во 2006-та година и е откриена хипертиреоза, а пред четири години и тахикардија.
Шармантната спличанка неодамна откри и како живее со болеста поради која со години има исти килограми.
-Мојот проблем со штитната жлезда не ми дозволува да се здебелам ни половина килограм, но и до генетиката е, плус живеам покрај море. Штитната жлезда понекогаш баш знае да ме „зеза“, но генерално добро се чувствувам. Не се давам, само насмевка на лице и позитива, вели пејачката.
Розга инаку сега го откри и менито до кое се придржува секојдневно.
Појадок: Омлет со белки, маслинки и младо сирење
Ручек: Супа, месо и салата
Вечера: Риба и зеленчук
Трик совет: Бидете умерени цело време, вели пејачката.