вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Велес доби 750.000 евра грант за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос, ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони

Колев: Велес доби 750.000 евра грант за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос, ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони

Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои добиваме околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони, обелодени градоначалникот Марко Колев.

-За таа цел, денес со одговорните служби од Општината одржавме работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот. На средбата изразив благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес, истакна тој.