Српскиот актер Милош Биковиќ потполно е скршен и во болка по загубата на својата колешка која ја загуби битката со болеста.
Станува збор за руската актерка Евгенија Брик која почина на 40 годишна возраст која својата здравствена состојба со месеци наназад ја чуваше во тајност.
Зад себе ги оставила неутешниот сопруг и ќеркичката Зое, пренесуваат српските медиуми.
По тој повод се огласи и српскиот актер кој е мега популарен во Русија.
Имено Биковиќ сподели фотографија од талентираната актерка која за жал прерано го напушти овој свет.