Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена „Што наследија општините“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена локална власт, вели дека она што е најбитно е да се види транспарентноста и отчетноста на општините од страна на претходните градоначалници на СДСМ, за кои како што рече уште како технички заменик министер побарала увид во извештајот за тоа како се трошеле 50 милиони евра кои што владата ги додели на општините во вид на еднократна парична помош, додавајќи дека истите не се искористиле за сервисирање на доллговите.
Она што мие денес како најбитно да го продискутираме е околу транспарентноста на оваа власт и транспарентноста на општините и единките корисници на единиците на локалната самоуправа односно станува збор за училишта, градинки и други установи.
Ако се сеќавате во 2016та година најпрво за време на парламентарните избори постојано се зборуваше за некаква транспарентност, се дискутираше дека тие најавуваа дека ќе бидат транспарентни и отворени. Во 2017тата исто така за време на локалните избори се коментираше постојано и навистина владата во 2018та година направи некаков обид за да се отвори кон граѓаните и да биде транспарентна. Но да видиме каква беше таа транспарентност. Јас се обидов да извадам делови од Законот за пријавување и евиденција на обврските. Ова е првиот закон кој што СДСМ во 2018та година го усвои и овој закон велеше дека сите јавни институции и општините, градинки, училишта, министерства и други имаат обврска да ги пријават своите обврски до Министерството за финансии, до десеттиот ден во месецот за претходниот месец, и ова е обврска на сите. Притоа јасно се кажува дека Министерството за финансии е надлежно, а во член 12 и член 13 точно е предвидено надзорот и какви се глобите или казните за непочитување на овој закон. Понатаму, неколку месеци подоцна го донесоа Законот за финансиска помош на единиците на локалната самоуправа на општините и на единките корисници од нив, согласно со кој закон ако се сеќавате им се даде еднократна помош на општината во износ околу 50 милиона евра, и повторно беше наведено глоби и казни во случајот на непочитување на законот, вели Димитриеска Кочоска.
Што подразбираше овој закон заклучно со 30 септември 2018та година секоја од општините требаше да ги пријави своите доспеани обврски и тоа по добавувач. Е сега 51 процент од тие доспеани обврски требаше да бидат исконтролирани од страна на Министерството за финансии и тоа сето требаше да биде завршено некаде до септември месеци 2019та година. Веќе во 2020 година беше техничката влада и една од првите работи кои што јас ги направив е тоа што побарав извештај за тоа како се искористени овие 50 милиони евра, дали се почитувал законот и дали постапувале градоначалниците по однос на пријавувањето на своите обврски. Состојбата беше алармантна, бидејќи во тој период секторот за буџети и фондови веќе имаше известено до Финансиската инспекција дека има многу прекршувања во однос на овој закон, односно трошени се пари за добавувачи кои што воопшто не биле пријавени заклучно до 30 септември или пак имаше интересни ситуации во една општина, еден градоначалник бил многу мудар па ги дал парите на училиштата и на градинките и овие наместо да ги вратат парите на добавувачите се со цел да се вратат парите во економијата во стопанството, ние имавме ситуација да дадени се пари на градинка или училиште, и училиштето имаат обврски кон општината па и ги враќаат парите на општината и општината си го полни својот буџет, истакна таа.
Плавите столбчиња покажуваат доспеани обврски колку биле на 30ти септември 2018та година кога во исто време пријавиле обврски 81 општина. Значи портокаловата линија го покажува бројот на општини кои што известуваа навремено, додека столбчињата ги покажуваат обврските. И сега ако ги погледнете доспеаните обврски ќе видите дека во квартал 4 за 2021 година доспеани обврски се речиси на исто ниво како и во 2018тата што јасно укажува дека парите комплетно ги користеле да сервисираат одредени доспеани обврски, но повторно долгот го враќаат на исто ниво, значи целта не ја постигнале да намалат долгот, а им оставија простор на градоначалниците да ги користат парите ненаменски, објасни Димитриеска Кочоска.