Скоро половина Скопје остана без електрична енергија.
Од пред половина час, населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, немаат струја.
Засега е непознато каде е дефектот и што е причината за истиот, но сигурно станува збор за поголем проблем.
Скопјани реагираат за ова ненајавено исклучување, а најголем дел од коментарите се насочени кон тоа дека ако долго време се без струја, нема да можат да се загреат во домовите.