Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, зборувајќи за кризата соо електрична енергија, односно енормните сметки кои ги добија општините чија сума далеку ја надминува очекуваната, истакна дека ЗЕЛС, доставила барање до Владата за финасиска помош, но не добиле никаков одговор.
„Од ЗЕЛС беа доставени до владата, и одржавме еден состанок со вицепремиерот и со министрите од економските ресурси, но тоа за жал, до денеска сѐ уште немаме конкретно ништо повратно по основ на кои ќе бидат прифатливите решенија од она што беше доставено. Се доставија барања за мерки за помош за енормното поскапување во делот на снабдувањето, особено тоа беше барање за финансиска помош за надомест на разликата во цената која што се јавува, која што не би била доколку имаше мерки за помош“, изјави Арсовска.
Арсовска појасни дека разликата во сметките е толку голема, што општините за плаќање на една до две фактури го трошат целиот буџет предвиден за таа намена.
„Со само една или две фактури по новиот начин на наплата на нив им се троши целиот буџет кој го имаат по основ на електрична енергија за целата година, а понатаму веќе почнуваат да се јадат средствата од нивните планирани проекти коишто биле од интерес на граѓаните односно кои граѓаните ги барале за имплементирање во тие општини. Пример, општина Аеродром, од шест милиони, сега имаат 27 милиони, што е огромна разлика. ВО општина Битола разликите се некаде отприлика од 10 до 12 месец 2021, имаат 22 милиони разлика од она коешто претходно било проектирано. А од 1ви до 4 месец 22ра нивниот проекции се дека ќе се потрошат 30 милиони денари повеќе од нона кое било иницијално планирано.“, посочи Арсовска