четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Исчистени две диви депонии во општина Илинден

Исчистени две диви депонии во општина Илинден

Исчистени се две диви депонии во н.м. Миладиновци, на потегот од Миладиновци кон Текија, како и покрај железничката пруга во Миладиновци.

Во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден”  и инспекциската служба од општина Илинден собрани се околу 70м3 мешан комунален отпад, градежен шут и слично.

Во наредниот период, Општина Илинден ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии, со што значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина.

Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.