Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 успеа да забележи голема победа на гости кај Монпеље од 25-28 и така се врати во игра за следната фаза во ракометната Лига на шампиони.
По седум порази во серија, вардарци покажаа живот и тоа против лидерот на табелата. Давид Дејвис Камара имаше успешно деби, а „црвено-црните“ го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона во елитата и диктираа темпо од почетокот до крајот против фаворитот на хартија. Со овој триумф, Вардар му се одмазди на Монпелје за претходниот пораз во Скопје.
Голманот Мартин Томовски впиша одлични 13 одбрани, а најефикасен кај стрелците беше Њокас со пет гола, пред пивотите Стоилов и Тото со по четири реализации. Кај домашниот тим Уго Дескат постигна седум гола.