вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Колку вода треба да пиете дневно и кога треба да бидете внимателни со тоа?

Колку вода треба да пиете дневно и кога треба да бидете внимателни со тоа?

Водата е еден од најважните елементи за нормално функционирање на организмот. Ако не пиете доволно вода, вашиот организам ќе дехидрира, а тоа ќе се познава од внатре и од надвор.

Дехидрацијата прави да се чувствувате демотивирано, а и секогаш ќе се чувствувате гладно.

Тоа е така бидејќи вашето тело ќе се обиде да ја  зачува секоја капка вода,  а поради тоа може да изгледате како да сте се здебелиле.

Препорака на експертите е да пиете по 2 литри вода или 8 чаши дневно.

Доволната количина на вода го забрзува метаболизмот, помага подолго време да се чувствувате заситени.

Ако пиете премногу вода пред спиење, во текот на ноќта може да се разбудите неколку пати за да одите во тоалет.

Како и водата, добриот сон е клуч за функционирање на организмот, но и за губење на вишокот на килограми.

Експертите советуваат да внесувате  вода помалку 3 часа пред спиење. Тоа време ќе биде доволно органзимот да ја процесуира водата  во себе.