петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Нова драма, 9 годишно момче два дена е заглавено во бунар во Авганистан

ВИДЕО: Нова драма, 9 годишно момче два дена е заглавено во бунар во Авганистан

Деветгодишното момче Хаидар од Авганистан веќе два дена е заглавено во бунар, јавуваат светските медиуми.

Момчето се наоѓа во бунарот на длабочина од 10 метри, а вкупната длабочина на бунарот е 25 метри. Настанот е во село во провинцијата Забул.

На социјалните мрежи се објавени фотографии и снимки на кои е прикажано како спасувачи се обидуваат да дојдат до него. Момчето може да ги движи рацете и горниот дел од телото, во контакт е со постојано со својот татко кој го охрабрува.

Ангажирани се итните служни, а надлежните тврдат дека е направено се што е потребно за негово спасување. Тоа значи и користење на градежна механизација за ископ на земјата.

Дедото на момчето изјавил дека тој паднал во бунарот додека се обидувал да им помогне на возрасните да ископаат нова дупка во потрага за вода во селото опустошено од суша.

На малото момче му биле доставени храна и вода.

За потсетување, пред две недели во Мароко спасувачите пет дена го спасуваа петгодишниот Рајан кој падна во бунар на длабочина од 32 метри. По извлекувањето од бунарот, момчето почина.