Три месеци по последните парламентарни избори нема промена кај гласачите во Бугарија, покажува студијата на истражувачката агенција „Алфа Рисрч“.
„Продолжуваме со промената“ и понатаму е на прво место со 24,4 отсто, а на второ место е ГЕРБ со 18,1 отсто, чија поддршка е намалена за четири проценти. БСП веќе е под 10 проценти и според истражувањето достигнува 9,8 отсто, а за тоа придонесоа внатрешните противречности.
ДПС ја добива својата традиционална поддршка од 7,2 отсто од гласачите кои живеат во Бугарија.
Довербата во партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ продолжува да опаѓа, а доколку денеска имаше парламентарни избори во Бугарија ќе имаше 6,6 отсто од гласовите. Падот на нивниот рејтинг се должи на нивното одбивање да формираат влада минатото лето по предвремените избори на 11 јули.
Според истражувањето, за Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков има 35 отсто позитивни оценки, а 23 отсто се негативни оценки за нејзината активност. Ова е прв случај од 2009 година, кога беше формирана првата влада на ГЕРБ и Бојко Борисов, да ја започне својата активност со позитивен почетен рејтинг.