вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Вагата да има неутрален став, финансиска добивка за Ракот

Вагата да има неутрален став, финансиска добивка за Ракот

ОВЕН

Ќе имате шанса да ја завршите работата што ви е приоритет. Ве очекува успех денеска во учење или студирање. Се повеќе ве привлекува една личност на работа, но сите околности околу неа ве спречуваат да и пријдете. Солидно здравје.

БИК

Нестабилната и неизвесна ситуација на работа почнала да ве загрижува. Реорганизација на работа може да донесе некои промени во описот на вашето работно место. Вашиот однос со партнерот минува низ несогласувања. Меѓутоа набрзо следува хармонизација. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Состанок со надредените ќе мине успешно и ќе ви донесе многу пофалби за постигнатите резултати. Идеален е моментот да барате покачување. Излегување со друштво ќе ви донесе познанство со една привлечна личност во знакот на Лав. Проблеми со синуси.

РАК

Овој ден ќе го одбележи потпишување на некои договори и заклучување на многу важна работа. Ви следува финансиска добивка. Се наоѓате во деликатна ситуација затоа што ви се допаѓа личност од работа, но тоа се коси со вашите принципи. Солидно здравје.

ЛАВ

Унапредување ви следува на финансиската ситуација, па дури и вонредни добивки од неочекувана страна. Преговорите ќе бидат успешни. Вашиот однос со партнерот влегува во фаза на заладување. Партнерот може да ви упати критика дека живеете во свој свет. Нервоза.

ДЕВИЦА

Неочекувана пречка овој ден може да биде однос со еден колега, како и задоцнување на платата која ви е неопходна за понатаму. Денеска може да запознаете интересна личност. Солидно здравје.

ВАГА

Напната атмосфера на работа и лоши меѓучовечки односи може да ви го расипат расположението. Имајте неутрален став. Негативните аспекти на Венера, вашиот владетел, укажуваат на криза во довербата на вашата врска со партнерот. Повеќе одморајте.

ШКОРПИЈА

Оние кои се незадоволни од работата, време е за прекин на соработката. Планетите ви пружаат шанса за промена на работата. Постои голема можност да влезете во тајна врска, но чувајте се од скандали. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Реорганизацијата во фирмата во која работите, може да ви донесе промени во составот на вработени. Ситуацијата ќе налага дополнително прилагодување. Кризата во вашата врска денеска може да кулминира, и можни се љубоморни сцени. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Промените во начинот на работење и новите методи на работа дополнително ќе ги сменат вашите услови. Неочекувано зближување со личност која досега ви била пријател, ќе ја одбележи атмосферата овие денови. Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Проблематичен разговор со надредените, вашите ставови многу ќе се разликуваат. Некои од колегите ја уриваат вашата позиција. Слободните Водолии може да влезат во страстна љубовна авантура со личност во знакот на Лав. Метеоропатски реакции.

РИБИ

Работниот партнер од странство може да стане проблематичен и да ги смени условите на работење. Тоа би значело неочекувани трошоци. Кризата во довербата во вашата врска може да ја раздрма атмосферата овие денови. Чувствително грло.