петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЗОИ: Златото за Австрија во аплско скијање во мешани тимови

ЗОИ: Златото за Австрија во аплско скијање во мешани тимови

Селекцијата на Австрија го освои златниот медал во мешани тимови во алпско скијање, додека најголемата ѕвезда во Пекинг.

Австријците во финалето беа подобри од скијачите, а златниот медал го освоија Катарина Трупе, Стефан Бренстајнер, Катарина Линзербегер и Јоханес Штролц како и Михаел Мат и Кататина Хубер кои не настапија во финалето.

За Германија во финалето скијаа Лена Дуер, Јулијан Рауфус, Ема Ајхер и Александер Шмит.
Во финалните трки во паралелел слалом, победата на Австрија и ја донесоа Бренстајнер и Линзбергер со време од 48.27 секунди.

Во дуелот за третото место, Норвешка беше подобра од САД иако и двете репрезентации имаа по две победи. На крајот Норвежаните имаа подобро време и ја оставија најголемата ѕвезда во алпското скијање, Михаела Шифрин без освоен медал на Игрите во Пекинг.