понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Макрон и Путин разговарале речиси два час

Макрон и Путин разговарале речиси два час

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска, речиси два часа, разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин за кризата во Украина.

-Телефонскиот разговор со претседателот Путин траеше еден час и 45 минути, соопштија од Елисејската палата.

По Путин, Макрон започна телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува RFI.

Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, ги претставува „последните можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.