среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон.

По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската Влада во која се наведува дека руската војска „ќе ги продолжи вежбите“ по нивниот крај објавен претходно во неделата.

Со продолжувањето на маневрите, Москва ќе располага со големи сили во близина на границата со Украина.

Макрон и Путин во денешниот телефонски разговор не се согласија околу тоа кој е одговорен за тензиите во источна Украина, изјави советник на францускиот претседател.

Според него, Макрон ги обвини проруските сили, а Путин смета дека е одговорна Украина.