Машкиот ракометен тим на Динамо Букурешт продолжува да го засилува стручниот штаб, а ново лице е поранешниот спортски директор на Барселона, Давид Баруфет.
Прославениот голман на Шпанија соработуваше со тренерот Чави Пасквал и во Барселона, па сега продолжува со соработката во нов клуб. Баруфет си замина од Барса заедно со Пасквал, но досега беше без ангажман.