петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски со дваесетина големи проекти, акции и активности: Чисто Ѓорче, задоволни жители и решени проблеми се наши приоритети

Стојкоски со дваесетина големи проекти, акции и активности: Чисто Ѓорче, задоволни жители и решени проблеми се наши приоритети

За првите сто дена, во Ѓорче Петров се реализираа дваесетина големи проекти, а градоначалникот Александар Стојкоски оствари и стотици средби со жителите кои бараа решенија за нивните долгогодишни проблеми. Откако општината беше преземена од страна на новата локална власт предводена од Стојкоски, главниот акцнет, беше ставен на решавање на комуналните проблеми односно расчистување депонии, раззеленување на урбаните катчиња, но и на уредување, тампонирање и асфалтирање улици, изведба на канализација, зголемување на безбедноста во сообраќајот, поставување на нова водоводна мрежа.

– Сакаме што побрзо да ги решиме сите проблеми, но наидовме на проблеми во општината. Ѓорче го добивме со празна каза и милионски долг. Изнаоѓаме алтернативни решенија за реализација на капиталните инвестиции. Не се доведовме во ситуација да се правдаме и ова да биде пречка, за веднаш да се фатиме за работа. Па така, исчистена е депонијата во Ново Село. Расчистени се над 11 хектари површина и одложени се над 200 тони градежен смет и шут. Депонијата беше повеќе децениски еколошки проблем, нѐ само во Ѓорче туку и во градот Скопје. Подигнавме нов парк од 1000 м2 со автономен систем за наводнување за тревните површини и дрворедите во покрај булеварот “Македонска војска”. Направивме уредување со осветлување на пешачката патека по насипот на река Вардар. Извршено е тампонирање на пристапните патишта до обработливи површини во Никишатни и Орман во должина од 2000 м. Изведба на канализација и водовод на крак од улица 22 во Волково. Поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки. Ревитализирани и подигнати се над 2000 м2 зелени површини комплетно опремени со ситеми за наводнување со прскалки. Со акцијата се опфатени локации покрај ул.Васил Чакаларов во УЗ Хром, ул. Македонска Војска во УЗ Ѓорче Петров и покрај ул. Лука Геров во населбата Даме Груев. Расчистена е дивата депонија во урбаниот дел на ул. Наум Чакаров и отстранети се 50м3 на разновиден отпад. Поставена е нова водоводна мрежа во должина од 350м на ул.102 во Волково. Расчистена е депонија во делот на индустриската зона на Шарпланинска. Трае изведба на атмосферска канализација на ул.Манчу Матак и реконструкција на горниот строј на улицата по цела нејзина должина, со поставување нов асфалт. Целосно реконструирана е улицата Крсто Раковски. Комплетно е реконструиран коловозот на ул. Беаз Куле. Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ за реконструкција на подовите во ходниците на долниот спрат, целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за учениците со пречки во развојот и поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Во тек е изведба на нова примарна и секундарна канализациона мрежа во с. Орман, вели градоначалникот Стојкоски.

Тој посочува дека ги слуша проблемите на граѓаните, заедно со предлозите за нивно решавање. Се преват подготовки за реализација и на големи инфраструктурни проекти. Во изминатиот период, нема заборавени населени места, потенцира тој. За во наредниот период, најави десетици нови проекти.

– Стартуваме со изведба на атмосверска канализација на ул. Радушка во должина од 1200 м. Ќе го решиме водоснабдувањето во с. Кучково. Ќе работиме на изградба на нов модерен мегапарк во Ново Село на местото од поранешната депонија, изведба на енергетски ефикасна фасада на ОУ Ѓорче Петров, реконструкција на кровот и замена на азбестниот кров од ОУ Страшо Пинџур, субвенционирање за набавка на нови велосипеди, изградба на претоварна станица за кабаст отпад и градежен шут, реконструкција и изведба на улици во урбаниот и руралниот дел на општината, уредување на локалитетот Крст во Кучково, со еко училница и забавни содржини, дигитализација на услугите за жителите, поставување на нова урбана опрема, посочи тој.

– Важно да се напомене е и затекнатата финансиска состојба, која го доведува во прашање функционирањето на Општина Ѓорче Петров, а оставена од претходниот градоначалник Александар Наумоски и тогашното раководство. Па така, обврските по задолжени фактури се 109.084.061,00 денари, обврски по кредити за наредни години се 109.084.775,00 денари, склучени договори и обврски за отплата на кредити за наредна година односно средства резерврани по основа на склучени договори и кредити кои треба да се префрлат за наредна година 2022 изнесува 261.977.728,00 денари. Во овие средства влегуваат обврски по фактури од 109.409.061,00 денари, обврски по договори кои се варијабилни(намалување/зголемување) и изнесуваат 139.568.667,00, обврски за отплата на кредити кои се 13.000.000,00, односно вкупно: 261.377.728 денари, додава Стојкоски.