Државите од Европската унија се согласија да воведат ограничен пакет санкции кон Русија откако Москва ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, изјави холандскиот премиер Марк Руте.
„Се договоривме да воведеме ограничен пакет санкции, што ќе бидат насочени кон одговорните за таа одлука”, изјави Руте во интервју за холандската телевизија.
Тој додаде дека денеска се очекуваат детали за таа одлука.