четврток, 25. април 2024. Вести денес: 0
home Економија

Бесими: Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата

Бесими: Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата

Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во земјава и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, пренесе МИА од Брисел.

Иако не сака да шпекулира, Бесими признава дека кризата меѓу Украина и Русија може потенцијално да донесе влошување на европските пазари.

– Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго. Други ескалации, зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио, истакна Бесими.

Но, министерот инсистира дека во овој момент се тоа само прогнози и дека никој не може да каже со прецизност што доколку состојбата ескалира и дополнително се комплицира и со сето тоа да се влоши состојбата на пазарите.