Завршена е фекална и атмосферска канализација, како и водоводна линија во месноста Опитно Поле, односно на ул. „Ѓорѓи Соколов“, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
-Ова е целосна инвестиција на Општина Кавадарци, во висина од 2.400.000 денари, а изведувач е Ќану Компани од Скопје, истакна тој.