Околу 60 автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие денеска се испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата.
Поради оваа контрола дел од автобуските линии се во прекин или се линиите се одвиваат редуцирано.
Од МВР за Курир велат дека се работи за акциска контрола која Министерството редовно ја спроведува за возилата кои вршат превоз на патници, со цел да се утврди нивната исправност.