недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

ЛШ: Вардар го победи Загреб во „балканското дерби“

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 забележа вредна победа во битката за место во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва го совлада во Скопје директниот конкурент ППД Загреб со 20-19 во рамки на 12. коло во групата А.

Со победата, втора во низа по гостинскиот триумф над Монпелје, „црвено – црните“ се искачија на петтото место на табелата, пред завршните две кола во кои Вардар на 2 март му гостува на белорускиот Мешков Брест, а една недела подоцна е домаќин на норвешкиот првак Елверум.

Вардар во вечерашниот дуел во салата „Јане Сандански“ беше во негатива до средина на првиот дел кога со серија од 4-0 направи резултатски пресврт и замина на полувреме со предност од 11-9.