петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Твоето раѓање е надеж, во ова мрачно време“ – трудница се породи во метро станицата во Киев (ФОТО)

„Твоето раѓање е надеж, во ова мрачно време“ – трудница се породи во метро станицата во Киев (ФОТО)

Среде хаосот предизвикан од руската инвазија на Украина, додека детонациите одекнуваа низ Киев, се породи жена во метро станицата каде илјадници граѓани побараа засолниште.

Додека се криела од нападот во импровизираното засолниште, синоќа, нешто пред 20.30 часот, оваа млада жена родила девојче по име Миу, а нејзиниот плач го слушнала украинската полиција која притрчала на помош.

Никола Шлапак, полицаец кој бил таму во вистинско време, рекол дека и помогнале да се породи, а потоа повикнале брза помош која ги однела мајката и бебето во болница.

„Твоето раѓање е надеж, во ова мрачно време“, извикуваа присутните, опишувајќи го настанот на кој биле сведоци како ништо друго освен чудо.

Фотографијата од мајката на Мија (23) брзо го обиколи светот, а веста за нејзиното раѓање брзо се прошири на социјалните мрежи, пренесува „Дејли мејл“.

Миа е родена во засолниште вечерва во стресна средина, за време на бомбардирањето на Киев. Додека Путин убива Украинци, ги повикуваме мајките на Русија и Белорусија да протестираат против војната меѓу Русија и Украина. Бранете ги животите и човештвото“, рече претседавачот на конференцијата Демократија во акција, Хана Хопко.