Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца.
Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица.
Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери.