среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хавиер Сабате нов селектор на чешката ракометна репрезентација

Хавиер Сабате нов селектор на чешката ракометна репрезентација

Потенцијалниот противник на македонската ракометна репрезентација во вториот мундијалски бараж, репрезентацијата на Чешка има нов селектор.

Чешката ракометна федерација потврди дека нов предводник ќе биде тренерот на Висла Плок, Шпанецот Хавиер Сабате. Поранешниот тренер на Веспрем ќе го наследи Растислав Тртик, кој замина по истекот на договорот по Европското првенство. Поранешниот асистент на Антонио Ортега работеше во Унгарија и Полска, а сега прифати работа и во Чешка. Ако Македонија ја елиминира Романија во мартовскиот бараж, еден месец подоцна ќе се соочи со Чешка за место на Светкото првенство следната година.