понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Џафери постапи спротивно на закон, уште кога не дозволи да се формира Комисија за избор и именувања на конститутивната седница

Силјановска Давкова: Џафери постапи спротивно на закон, уште кога не дозволи да се формира Комисија за избор и именувања на конститутивната седница

Владејачкото мнозинство вчера во Собранието е во обид неделовнички да го разреши Фадил Зендели, од член во Комисијата за прашања за избор и именувања.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова во таа насока кажа дека власта не може да се повикува на народната волја, ако таа не е пресликана секаде, па кажа дека владејачкото мнозинство направило преседан и со изборот на Талат Џафери за претседател на собранието, кој доаѓа од партија која има само 15 пратеници, а во компаративното право, претседател на Собранието доаѓа од редовите на пратеничката група со најголем број на пратеници, заради легитимитетот.

-Преседаните во ова Собрание зашочнаа уште на конститутивната седница. Дел од конститутивната седница е изборот на Комисијата за прашања за избор и именувања, зошто? Затоа што во чл. 22 се вели дека кандидат за претседател на собранието може да предложи Комисијата за прашање на избор и именување или најмалку 20 пратеници. За жал претседателот не дозволи да се конституира Комисија за избор и именувања, и така тој осамна како единствен кандидат, кажа вчера Силјановска Давкова.

Таа констатираше дека пратеникот Зендели е во право, кога рекол дека пратениците легитимитетот го добиваат од резултатот на изборите.

Најнови вести