понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 137 возачи за сообраќајни прекршоци во Скопје

Казнети 137 возачи за сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 43 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.