Сенаторот од Јужна Каролина рече дека единствениот начин да ѝ се стави крај на војната е ако „Русите решат да го средат тоа“.
Сенаторот Линдзи Греам повика на атентат на рускиот претседател Владимир Путин од некој негов близок, додека инвазијата на земјата на Украина денеска влезе во деветтиот ден.
Во изјава на Твитер во четвртокот, сенаторот од Јужна Каролина праша дали рускиот претседател има „Брут“ што може да го „среди“ Путин и да ѝ стави крај на војната.
„Дали има Брут во Русија? Има ли некој поуспешен полковник Штауфенберг во руската војска?“
Римскиот политичар Маркус Јуниус Брут го уби својот пријател и римски генерал Јулиј Цезар, додека германскиот армиски полковник Клаус фон Штауфенберг е најпознат по обидот да го убие Адолф Хитлер во 1944 година.
„Единствениот начин на кој ова ќе заврши е некој во Русија да го среди овој човек“, додаде сенаторот. „Би ѝ направиле одлична услуга на вашата земја – и на светот“.
Is there a Brutus in Russia? Is there a more successful Colonel Stauffenberg in the Russian military?
The only way this ends is for somebody in Russia to take this guy out.
You would be doing your country – and the world – a great service.
— Lindsey Graham (@LindseyGrahamSC) March 4, 2022
Во друг твит, Греам рече дека единствениот начин на кој оваа војна ќе заврши е ако рускиот народ одлучи да го поправи ова.
Признавајќи дека е „лесно да се каже, тешко да се направи“, тој им порача на Русите: „Освен ако не сакате да живеете во темнина до крајот на животот, да бидете изолирани од остатокот од светот во бедна сиромаштија, треба да се нафатите на задачата“.
Откако Русија објави „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари, над еден милион луѓе ја напуштија земјата, додека интензивни борби се водат низ целата земја.
Руските трупи се обидуваат да го освојат главниот град Киев, додека клучните градови како Харков, Одеса и Мариупол се на работ на колапс поради ракетни напади и бомбардирања. Керсон, главен украински градски центар, во четвртокот стана првиот град што падна. Илјадници беа убиени или ранети во изминатата недела.