вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руски велосипедист си ја смени националноста: Моите мисли се со народот на Украина

Руски велосипедист си ја смени националноста: Моите мисли се со народот на Украина

Велосипедистот на Инеос, Павел Сиваков, кариерата ќе ја продолжи под француско знаме, соопшти денеска неговиот тим.

„Веќе некое време сакав да станам Французин и се пријавив во Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), но со оглед на она што моментално се случува во Украина, сакав да ги забрзам работите, изјави Сиваков, кој досега настапуваше за Русија, пренесе СпортКлуб.

УЦИ во средата прифати промена на националноста на 24-годишниот велосипедист.

Минатата недела Сиваков изјави дека е против руската воена интервенција во Украина

„Како што реков претходно, јас сум целосно против оваа војна и моите мисли се со народот на Украина. Како и повеќето луѓе ширум светот во моментов, се надевам на мир и крај на страдањата во Украина“, додаде тој.

Победникот на трката низ Полска во 2019 година, истакна дека негов сон е да се натпреварува за Франција на Олимписките игри во Париз во 2024 година.