Ќе се реконструира улицата „Перо Наков“ во Гази Баба, најави градоначалникот Бобан Стефковски.
„Заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес, директно на терен го најавивме проектот за реконструкција на улицата Перо Наков.
Претходно општина Гази Баба и Град Скопје склучија договор за меѓуопштинска соработка.
Во оваа фаза од реконструкцијата ќе се опфати потегот од раскрсницата со улица Маџари до улица Индустриска 2.
Проектите треба да бидат одраз на барањата на граѓаните.
Навистина ме радува што во првите месеци од нашите мандати, се зафативме со решавање на долгогодишен проблем и приоритетно барање на жителите но и на стопанствениците од овој дел на нашата општина.
Ова е само почеток на промените во Гази Баба и Градот Скопје“ – истакна тој.