Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека швајцарскиот модел за пензии за кој зборува СДСМ беше модел по стариот закон кој тие го укинаа, и им скратија реален раст на пензиите.
-До кога со манипулации⁉️
За каков швајцарски модел зборува СДСМ при корекција на пензиите?
Ги испокрадовте пензионерите од 2018 до денес.
“Швајцарскиот модел” беше модел по стариот закон, додека вие несреќи не дојдовте на власт, па го сменивте.
➡️Со тој Закон, којшто ВМРО-ДПМНЕ го почитуваше, пензиите се корегираа два пати во годината и по две основи, пораст на трошоци за живот и пораст на просечна плата. Тогаш пензионерите имаа пензија којашто го следеше стандардот за живеење.
❌СДСМ и Мила Царовска се сетија дека еден од двата услови за покачување на пензиите ако го избришат, пензионерите ќе добиваат помало покачување. И го избриша условот покачување на пензија поради покачена просечна плата.
Ова им беше смислено за да од една страна вештачки ја зголемуваат просечната плата, а од друга страна како таа растеше и се фалеа со неа, ги ускратија пензионерите од реален раст на пензиите согласно платата, кој претходно го добиваа.
Ги испокрадовте пензионерите и сега им продавате некаков “швајцарски модел”.
Срамно е ова. А за онаа илјадарка месечно – засрамете се‼️
Го соголевте народот со пораст на цените за струја, за парно, за храна, па и за бензините‼️
И сега мислите дека 1000 денари месечно во следните три месеци, ќе ви биде простено, или мислите дека тоа е доволно за да се покријат овие зголемувања на трошоците за живот❓
Ниту едно, ниту друго❗
Неспособни сте за водење економија.
Одете си❗, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.