четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дали конечно ќе се реши проблемот со кучињата скитници во Велес- на повидок изградба на регионален стационар?

Дали конечно ќе се реши проблемот со кучињата скитници во Велес- на повидок изградба на регионален стационар?

Дали на повидок е решавање на децинискиот проблем кои ги мачи велешани, проблемот со кучињата скитници. Дали на повидок е изградба на стационар (прифатилиште) за кучињата скитници, како регионален објект лоциран во една општина од Вардарскиот плански регион?

Со години велешани се загрижени за својата безбедност низ улиците во градот, но овој проблем е проблем за општина Велес, бидејќи голем број на велешани ја тужат секојдневно општината од каснување на кучињата скитници, објавува Велес Денес.

Денес на оваа тема разгововааа градоначалникот на Велес, Марко Колев и преставниците на УНДП, Билјана Цветановска Гугоска, раководител на секторот за добро владеење при УНДП и Илмиасан Даути, програмски аналитичар при УНДП.

На средбата е разговарано за реализација, покрај проектот за изработка на проектна документација за изградба на регионален стационар за кучиња скитници, и за други три крупни проекти за Велес и Вардарскиот плански регион.