недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник и две жени каснати од кучиња скитници во Скопје

Малолетник и две жени каснати од кучиња скитници во Скопје
Илустраци

На 22.10.2023 во 23:15 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник.

На 22.10.2023 во 18:00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ била касната од куче скитник.

На 22.10.2023 во 21:00 часот во Полициската станица Чаир, Т.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.