петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кучиња скитници напаѓаат, каснати се четири лица

Кучиња скитници напаѓаат, каснати се четири лица

На 18.10.2023 во СВР Битола, Х.А.(38) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска“ во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 18.10.2023 во СВР Битола, Ј.В.(80) од Битола пријавил дека во населба „Карпош“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 18.10.2023 во Полициското одделение Новаци, М.С.(47) од с.Добромири, општина Новаци, пријавил дека во близина на стадионот во с.Новаци бил каснат од куче скитник.

На 18.10.2023 во 09.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Л.Ч.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје била касната од куче скитник.