Доколку Ве загрижува спориот раст на вашата коса, не очајувајте, бидејќи постои решение.
Секојдневната масажа на кожата на главата го стимулира дотокот на крв во главата, а тоа придонесува за побрз раст на вашата коса.
Масажата се покажала како најдобар начин за сите витамини кои ги внесувате преку храната, а и оние кои ги има во шампоните и регенераторите кои ги користите, побрзо да стигнат до коренот на влакното, а со тоа и да се забрза неговиот раст.
Масажата исклучиво треба да се прави со меките делови на прстите, а не со ноктите, затоа што во тој случај би дошло до оштетување на влакната и на нивните корени.
Најдобро е да ја масирате вашата глава додека ја миете косата, почнувајќи со кружни движења од задниот дел на главата, па сé до пределот околу челото.
Со сé почестите масажи, резултатите ќе бидат неизоставни.