Велика Британија ги повика своите државјани да размислат за напуштање на Русија доколку не е од суштинско значење тие да останат во земјата, јави Гардијан.
„Доколку вашето присуство во Русија не е од суштинско значење, силно ве советуваме да размислите да заминете по преостанатите комерцијални рути“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Велика Британија.
Во понеделникот, британското Министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Русија поради недостиг на достапни опции за летови и зголемена економска нестабилност. (МИА)