недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кипар одби закотвување на руски воени бродови

Кипар одби закотвување на руски воени бродови

Властите во Република Кипар ги укинаа дозволите за влез на четири руски воени бродови во нејзините пристаништа.

Кипарскиот весник „Филелефтерос“ претходно денеска објави дека на пет руски воени бродови, вклучително и фрегати и чамци за поддршка, им било одбиено закотвување во кипарското пристаниште Лимасол, по што морале да пребаруваат пристаништа во други земји за да наполнат гориво.

Во принцип, дозволите се издаваат на секој брод посебно.  (МИА)