недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко со солзи во очите не може да поверува: Го убија додека делеше леб, ми беше близок

Кличко со солзи во очите не може да поверува: Го убија додека делеше леб, ми беше близок

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео најава на Телеграм рече дека Киев ќе се брани од рускиот окупатор.

„Главниот град се подготвува за одбрана. Ги замолувам сите луѓе да останат мирни. Бидете дома, или кога ќе го слушнете алармот, во засолништа.

„Киев ќе преживее! Ќе се брани со сите сили“, е дел од пораката на Виталиј Кличко во новото видео обраќање.

„Ајде да застанеме сите заедно! Слава на Украина!“, додаде Кличко.

„Во близина на Киев продолжуваат жестоките борби. Со посебен бес непријателот ги уништува Буча, Хостомел, Ворзел, Ирпин. Тој намерно убива цивили. Тие го убија шефот на Хостомел, Јуриј Прилипко. Кога на луѓето им делеше леб и лекови. Ова е мојот колега, кого добро го познавам. Тој беше со својата заедница до последниот здив. Се грижеше за луѓето“, рече Кличко.

Украинскиот градоначалник рече дека украинските градови херојски се бранат и додека армијата храбро ја брани Украина, цивилите бестрашно протестираат против окупаторите.