Анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека само 18% сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока што преставува историски најслаб резултат за која било влада досега. Само 5% позитивно одговориле дека во Македонија има владеење на правото што е апсолутен историски минимум, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека анкетата покажува стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 илјади гласа разлика и дека токму поради оваа причина СДСМ и Ковачевски бегаат од избори.
– Опозицијата би била апсолутен победник на таквите избори. На СДСМ не им сметаа кога и како се објавувани анкетите на кои водеа, ама сега најдоа забелешка на објавувањето на анкетата каде што убедливо губат. Граѓаните мака мачат да врзат крај со крај. Зголемените трошоци за живот, зголемувањето на цената на електричната енергија, зголемувањето на цената на нафтените деривати и лошото справување со економската, здравствената и енергетската криза се доказ дека владата е неспособна да се справи со моменталната економска и здравствена состојба. Резултатите од анкетата јасно покажуваат дека граѓаните се против овие погубни политики на СДСМ и пиунот Ковачевски, се појаснува во партиското соопштение.
Од партијата додаваат дека драматичниот пад на рејтингот на СДСМ е само доказ дека веднаш се потребни брзо избори.