Зошто регулаторна се уште молчи и не ги објавува новите цени на горивата? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали Владата на овој начин се штити од социјален бунт и затоа шверцерски навечер носат одлука за драматично покачување? Очигледно е дека Владата е очајна да удри по грбот на граѓаните и секој чекор им е како повеќе да им го отежнат, а не олеснат животот на граѓаните. Молкот на Владата и Регулаторна за цените на горивата е показател за стравот на Владата од социјален бунт, заради нивната неспособност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.