Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски преку статус на Фејсбук пишува дека од почетокот на годината исчистени 4.000 метри каналска мрежа.
-🚚 Редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали придонесува на спречување на поплави и се обезбедува чиста животна средина.
🚧 Од почетокот на годинава се исчистени 4.000 метри од каналската мрежа.
👉 Исчистени околу 2000 метри од каналот Шамак
👉 Исчистен каналот од ул. „532“ кон сисавец на Главен канал во Марино-Кадино.
👉 Исчистен канал ендек ул. „500“ во н.м Марино во должина од 300 метри.
Во тек се чистат:
👉 Сисавци на канал Азмак во н.м Кадино.
👉 Сисавци на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, објавува тој на Фејсбук.