недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честитка за 8-ми Март од Талат Џафери

Честитка за 8-ми Март од Талат Џафери

Дозволете во мое лично име и од име на Собранието на Република Македонија, да го честитам Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога изразуваме чест и почит кон силата на жената, кон нејзината улога во семејството, во општеството и во светот, меѓутоа над сѐ кон неа како суштински и нераскинлив дел во нашето битисување како човечки род, се наведува во честитката која ја испраќа денес Талат Џафери.

-Нејзината сила е огромна и посакувам чествувањето и почитта да бидат составен и природен дел на нашето секојдневие затоа што, таа е тука кога се раѓа нов живот, кога се развива, воспитува, гради во здрав поединец, во творец и вреден придонесител за семејството, за општеството, таа е главната компонента која го облагородува секој миг и секое општествено делување.

„Книга, молив, жена и дете може да го сменат светот,“ вели Малала Јусуфзаи, цитира тој.

-И јас сум уверен дека денешнината ќе изгледаше многу поинаку водена од жените. Посветеноста и заложбата на секој од нас за рамноправност во секоја сфера на живеењето може да ја смени иднината за децата. На Меѓународниот ден на жената да се потсетиме дека родовата еднаквост значи и одржлива иднина. Посакувам секогаш да бидете среќни во личниот живот, исполнети во професионалниот живот и задоволни со постигнувањата, но, секогаш да имате волја и енергија за постигнување на понатамошни успеси, затоа што тогаш вашиот придонес ќе биде уште поголем во градењето на здрави семејства и општества. Нека е честит Меѓународниот ден на жената, вели Џафери.

Најнови вести