петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје: Ја повикуваме госпоѓата Јанчева да ги врати сите пари што ги потрошила од сметката на град Скопје за кафеани

Град Скопје: Ја повикуваме госпоѓата Јанчева да ги врати сите пари што ги потрошила од сметката на град Скопје за кафеани

Како град Скопје сакаме да реагираме на изјавата на госпоѓата Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на град Скопје. Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје. Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на град Скопје. Од градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваме државните органи соодветно да постапат по истата, велат од Град Скопје.

-Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани, се додава во нивното соопштение.