петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чешката влада одобри испраќање до 650 војници во соседна Словачка

Чешката влада одобри испраќање до 650 војници во соседна Словачка

Чешката влада денеска одобри испраќање до 650 војници во соседна Словачка за зајакнување на источното крило на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

Испраќањето војници во соседна Словачка, каде што треба да бидат распоредени до 30 јуни 2023 година, мора да биде потврдено и од парламентот во кој владата има големо мнозинство.

Околу 50 од планираните 650 војници ќе изградат и ќе водат хуманитарен центар за бегалците од Украина.

Претходно денеска, словачката Влада одобри прием до најмногу 2.100 странски војници во борбената група, вклучувајќи и до 200 војници од Холандија, 100 од Полска и Словенија, до 400 од САД и 700 од Германија.

Вооружувањето на оваа борбена група вклучува системи за воздушна одбрана „Патриот“ и радарскиот систем „Сентинел“.

Пристигнувањето на странски војници мора да биде одобрено и од парламент во кој владата, како и во случајот со Чешка, исто така има убедливо мнозинство.

НАТО се обидува да го зголеми своето присуство во источноевропските членки Словачка, Унгарија, Романија и Полска, кои граничат со Украина.