сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Здравствена установа никогаш не треба да биде цел на напад

ОН: Здравствена установа никогаш не треба да биде цел на напад

Здравствена установа „никогаш не треба да биде цел“, изјави денескапортпаролот на ОН, Стефан Дужарик по рускиот воздушен напад врз детска болница во Украина.

Обединетите нации и Светската здравствена организација повикаа на „итно прекинување на нападите врз здравството, болниците, здравствените работници и амбулантите“, рече Дужарик на прес-конференција.

Властите во југоисточниот град Мариупол, кој е под постојано гранатирање од страна на руската војска, соопштија дека денешниот напад биле повредени најмалку 17 вработени во болницата.

-Досега се повредени 17 лица од болнички персонал, рече Павло Кириленко, началник на југоисточниот регион Доњецк, во видеото објавено на Фејсбук и Твитер. Тој додаде дека „засега нема повредени деца“ и нема загинати.