понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во воздух откажал моторот на авионот на Доналд Трамп: Леталото морало принудно да слета

Во воздух откажал моторот на авионот на Доналд Трамп: Леталото морало принудно да слета

Авионот на поранешниот претседател Доналд Трамп беше принуден да слета во саботата вечерта по неговиот говор на донаторски состанок во Њу Орлеанс организиран од Републиканскиот национален комитет.

– Авионот бил во воздух помеѓу 20 и 30 минути пред да откажа еден од моторите, а пилотот на приватниот авион решил да се сврти и да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, изјавил еден од изворите.

Авионот бил на пат кон Палм Бич на Флорида, каде што Трамп живее на неговиот имот Мар-а-Лаго, пишува Политико.

Аудио снимката од комуникацијата меѓу пилотот и кулата за контрола на летање откри дека слетувањето е опишано како „итно“, вели изворот, кој бил информиран за снимката. Кога авионот слетал, РНЦ нашла друг авион за поранешниот претседател. Трамп конечно слета на Палм Бич во неделата околу 3 часот наутро. Портпаролите на Трамп и РНЦ одбија да коментираат.