Српските медиуми наголемо пишуваа дека Сека Алексиќ ќе вградува силикони во градите, но пејачката оперирала циста на дојката.
Српската пејаќка Сека Алексиќ неодамна е фотографирана пред една болница во Белград како со сопругот ја напушта истата, без шминка и по хируршки зафат.
Додека се туширала пејачката почувствувала топче на градата, по што итно отишла на преглед и било утврдено дека станува збор за тумор.
Сека се одлучила веднаш да се оперира за да спречи евентуално понатамошни компликации, по што брзо била пуштена дома.
-Да, точно е дека оперирав циста на дојката. Тоа беше помала хируршка интервенција. Ви благодарам што се грижите за мене, одлично се чувствувам и подготвена сум за летната турнеја, изјавила Сека за „Скандал“.